Таксист од Скопје фатен со дрога во Куманово

При извршен преглед на возилото на 27.01.2021 година околу 23:00 часот во Куманово, на улицата „Трст“ во непосредна близина на ОУ „Бајрам Шабани“, службените лица пронашле марихуана, во вкупна нето маса од 156,6 грама што осомничениот ја држел во внатрешноста на возилото, поточно на нозете, спакувана во едно најлонско пакување.

Основното јавно обвинителство Куманово поведе постапка против овој скопјанец кој е на возраст од 52 години, вработен во такси компанија, поради основано сомнение за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. Јавниот обвинител поднесе предлог за определување на мерка притвор против осомничениот со цел обезбедување на непречено одвивање на кривичната постапка.

Коментари

коментар(и)