Татко и син од Штип одгледувале „канабис сатива“

71 насад од растението „канабис сатива“ со висина и над два метра  откри полицијата во кратовското село Татомир. Марихуаната ја одгледувале  штипјани, татко и син, а текот на неделата  насадите биле полевани по неколку пати.  Заедно со откорнатото растение, полицијата одзела и пластични канти, гумени црева, шишиња со течност за прехрана на насадите и шприцеви. Повозрасниот  59 годишен жител на Штип е приведен во заседа, информираат од СВР Куманово

-По претходно добиено оперативно сознание дека лицето Т.Ѓ. (37) ОД Штип одгледува насади од растението канабис сатива лоцирани во с.Татомир, Кратово, од страна на полициски службеници од ПС од ОН Кратово извесен временски период се превземени оперативни мерки.  На лице место се лишени С.Ѓ. таткото на Т.Ѓ. кој пристигнал со цел да ги полие насадите како и С.С. (48) од Штип такси -возач кој бил ангажиран од страна на С.Ѓ. три пати во неделата да го вози на релација Штип -с.Татомир, Кратово, изјави Живкица Чавдаревиќ од СВР Куманово

По наредба на штипскиот Основен суд во домовите и помошните простории на двајцата осомничени за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги извршен е претрес . Во домот на помладиотодземени се рачно изработена најлонска ќеса со непозната растителна зелена материја, дурбин и куршуми. Во останатите простории биле пронајдени и запленети неколку стебла со должина и до два метра, стари метални монети, а во лозје кое е во сопственост на пријавените откриени се уште стебла со должина до еден метар. На таткото му е одреден 30 дневен притвор , додека неговиот 37 годишен син веќе извесен период е надвор од државава, а се претпоставува дека престојува во Германија или во Белгија.

Коментари

коментар(и)