ТВ Плус две години ги информира кумановци

Веќе цели две години во етерот зрачи телевизија Плус. Граѓаните изминатиов период имаа можност да слушаат точни, навремени, актуелни, објективни и пред се неизвесни информации. На 25-ти март 2015 година за прв пат беше пуштен телевизискиот сигнал за да веќе од први април започне емитувањето на програмската шема.

Граѓаните изминатиов период од Дневникот имаа можност да се слушнаат за поплави, избори, локалните проблеми, инвестиции и изградби, спортски успеси, премиери, концерти и слично.  Покрај Дневникот на кумановци добро позната а и гледана е и дебатната емисија Став. Гордост на телевизијата е што и лично продуцираните емисија од информативно забавен карактер Апдејт, како и хумористичната Нема љутиш, која никого не остава без насмевка на лицето,  се емитуваат на повеќе локални, регионални и национални телевизии во државата.

Во изминатиот период се реализираше и магазинот на српски јазик Компаритив, кој дел од  проект, во кој соработуваше медиумот со Министерството за култура и информации на Република Србија. Во истиот беа пренесувани информации кои се однесуваа на српската заедница во Куманово и Македонија. Инаку ТВ Плус уште на самиот почеток од формирањето, доби дозвола за работа и емитување на програма на српски јазик и на тој начин стана прв медиум во државата кој има право и можност да прикажува ваква програма без превод.

Телевизија Плус и понатаму ќе продолжи со истото темпо. Ќе останеме подготвени за сите предизвици и ќе продолжиме со избалансираното, навремено и пред се објективно информирање на граѓаните.

 

Коментари

коментар(и)