Театар Куманово добие признание за општествен придонес во време на пандемија

Кумановскиот театар доби признание за општествен придонес во време на пандемија на фестивалот Гола Месечина во Скопје. Признанието следи бидејќи установата изминатиов период и покрај состојбата активно работеше и организираше настани и на отворен простор.

-Некој тоа го забележал дека навистина функционираме како Центар за култура, создаваме култура, работиме културни настани, и тоа беше забележано од тој фестивал и ни дадоа награда како општествено одговорна инситуција во време на пандемија на коронавирусот-истакна Сашо Тодоровски, директор на НУЦК „Трајко Прокопиев“.

 

 

 

Коментари

коментар(и)