Телото на исчезнатиот кумановец пронајдено

На 13.04.2021 во 12.32 часот во СВР Куманово, Д.С. од Куманово пријавил дека, додека извршувал земјоделски работи на нива во населбата Карпош, пронашол починато машко лице. Од страна на лекар било утврдено дека на телото на починатиот нема траги на насилство, а по преземени мерки било констатирано дека дека се работи за С.М.(67) од Куманово за кого на 15.02.2021 во СВР Куманово беше пријавено дека се оддалечил од домот, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.

Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Куманово, а по Наредба на Јавен обвинител телото било дадено на семејството.

Коментари

коментар(и)