Тенисерите на ТК „Тумба“ со нови успеси од државното првенство

Тенисерите на Тенискиот клуб ТУМБА од Куманово во викендот кој е зад нас настапија на државното првенство во тенис за момчиња и девојчиња до 12 години.

Нашиот клуб настапи во двете конкуренции. Алексеј Стојановски стигна до полуфиналето кај момчињата и го освои третото место. Алексеј настапи и на реномираниот и познат интернационален „Cherry Cup” каде стигна до финалето и го освои второто место.

Ист пласман оствари и Анастасија Арсовска кај девојчињата која се пласираше помеѓу најдобрите четири на првенството и ја освои третата позиција. Државното првенство во тенис се одржа од 5-ти до 7-ми јуни на терените на ТК тениска Академија во Аеродром, Скопје.

Коментари

коментар(и)