Тепачка на две групи мигранти во Ваксинце

Двајца Пакистанци се здобиле со тешки повреди во тепачка на две групи мигранти во село Ваксинце. Пресметката се случила вчера околу 14 часот во близина на поштата во селото, по што мештаните повикале полиција.

„Во Полициското одделение Матејче, Х.И. од с.Ваксинце, општина Липково, пријавил дека во близина на поштата во с.Ваксинце бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу две групи мигранти. Полициски службеници излегле на местото и затекнале две лица со повреди од остар и тврд предмет, кои немале документи за идентификација и се претставиле дека се од Пакистан. Тие биле пренесени во болницата во Куманово каде им биле констатирани тешки телесни повреди и биле задржани на лекување“, – соопшти МВР.

За пресметката е запознаен Јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Коментари

коментар(и)