Тешко повреден малолетен пешак

МВР информира дека вчера попладне на регионалниот пат Куманово – село Липково, кај селото Опае, патничко моторно возило „сеат леон“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од А.К.(26) од селото Оризари, општина Липково, удрило во малолетен пешак од селото Черкези, кумановско.

Како што соопштува полицијата, во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди по што бил пренесен во Општата болница во Куманово за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.

Коментари

коментар(и)