Тони Михајловски позитивен на Ковид 19

Кандидатот за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Тони Михајловски е позитивен на Ковид 19. Информацијата ја сподели тој на социјалната мрежа Фејсбук.

-Почитувани граѓани, за жал мора да ве известам дека на моето денешно тестирање од Ковид-19 излегов позитивен, вакциниран и почитувајки ги сите мерките за заштита на моето и вашето здравје сепак дојде до оваа несакана ситуација за секого. Мојот тим е на терен и работи за да ја донесеме долго очекуваната и заслужена промена во Куманово-напиша Михајловски.

 

Коментари

коментар(и)