Трае пријавувањето за „Ноемвриска награда“

Општина Куманово и годинава, по повод 11-ти Ноември – Денот на ослободување на градот, ќе ја додели Ноемвриската награда, како највисоко општествено признание што се доделува за посебни достигнувања во одредени области.  Ноемвриската награда се доделува на поединци, претпријатија и други организации, установи, здруженија и заедници чие дело односно резултати во работењето и делувањето претставуваат посебно остварување.

-Критериумите остануваат како и секоја година исти, авторот на делото да е жител на Куманово, претпријатијата, установите, здруженијата да бидат од Куманово, а делото и остварувањата за општината да се врзани за нашиот град-истакна Сашо Милковски, претседател на  Комисијата за доделување награди при Советот на Општина Куманово.

Заинтересираните треба да ги достават предлозите за доделување на награда со образложение во писмена форма, до комисијата, најдоцна до 31 – ви октомври годинава.

-За разлика од минатите години барем досега имаше во овој период повеќе предлози но да се надеваме, имаме уште две недели, навистина во овој период кога уште демнее пандемијата со коронавирусот јас очекувам сепак има уште две недели до 31-ви октомври ќе има повеќе предлози-нагласи Милковски.

„Ноемвриска награда“, е израз на највисоко општествено признание што се доделува за посебни постигнувања во одделни области.

 

 

 

Коментари

коментар(и)