Трајковска: Владата се грижи за земјоделците

Владата предводена од СДСМ овозможува поддршка и помош за земјоделството, кое како и сите други области е погодено од корона кризата, истакна на денешната прес конференција Весна Трајковска од СДСМ. Таа посочи дека претходната недела на владина седница се одобрени 900 милиони денари, дополнителни финансиски средства за програмата за финансиска поддрка на земјоделството за тековната година. Овие средства ќе бидат наменети за да се исплатат заостанатите обврски.

-И тоа за предадено млеко кај регистирани откупувачи и тоа исплата на финансиски средства за период од октомври 2018 до септември 2019. Предадени овошни и градинарски култури и преработувачки капацитети, финансиска поддршка за органско производство како и за подрачја со ограничени можности и исплата на средства од останати мерки-нагласи Трајковска.

Од таму нагласуваат и дека Агенцијата за финансика поддршка во земјоделството и руралниот развој на сметките на 6.755 сточари исплати над 152 милиони денари за произведено и предадено овчо, кравјо и козјо млеко од втора фаза.

-Средствата од оваа мерка се свеж капитал кој треба да им помогне на сточарите, да ја обезбдат потребната количина на храна за презимување на стоката-истакна таа.

Трајковска посочи дека владата и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и во услови на криза, се грижи за земјоделците кои се најбитна алка во процесот на обезбедување храна и развој на економијата.

 

 

 

 

Коментари

коментар(и)