(ВИДЕО) „Тумба фест 2021“ по деветти пат во Куманово

Љубителите на народната шегобијна песна вчеравечер имаа можност да уживаат во 21 композиција од естрадни уметници од Македонија, учесници на деветотто издание на „Тумба фест 2021“. Годинава на фестивалот освен на кумановски дијалект, се пееше и на битолскиот, прилепскиот и валандовскиот дијалект, а интенцијата е наредната година преку песна да се слушнат повеќе дијалекти, вели уметничкот директор Игор Трајковски, додавајќи дека различноста е она што го разубавува фестивалот кој во моментов е единствен од ваков карактер во Македонија.

-Годинава ставивме акцент, како на повозрасните и на дебитантите на нашиот фестивал. Апел да се пријавуваат и млади пејачи на фестивалот кој е единствен во државата. Ние сме единствен фестивал кој остава трајни вредности, 20 песни од секој фестивал, мора да го надградиме, да го модернизираме, со модерни аранжмани да го доближиме до помладата генерација. Единствено општина Куманово финансиски го поддржа фестивалот, се надевам дека наредните години средствата ќе бидат зголемени, изјави Игор Трајковски, уметнички директор на „Тумба фест  2021“

Нино Величковски, Зуица Лазова, Благица Павловска, Анета Мицевска со групата Молика, Лидија Спасовска, Мирослав Крстевски, Челик бенд се само дел од учесниците на фестивалот.

Иако „Тумба фест“ бележи поголема пауза од 17 години, здружението „Етно ризница“  успеа да го возобнови фестивалот во 2019-та со 11 учесници, минатата година со 23 изведувачи, годинава –  21 песна.

„Само пишаниот збор и музиката останува и затоа фестивалот мора да продолжи“ , вели Трајковски. За наредната година организаторите најавуваат меѓународен фестивал на шегобијна песна, со учесници од Романија, Бугарија, Турција, Грција, Србија.

-За очекување е да има голем број на хитови бидејќи има многу убави песни. Му подаруваме смеа на народот, од година в година растеме. Годинава 21 хумористична песна, најголем дел се на кумановски дијалект. Нашаат цел е сочувување на вредностите, на нашиот македонски код, она по што сме препознатливи. Фестивалот прераснува во фестивал на дијалекти , изјави Драган Јакимовски, претседател на здружение „Етно ризница“ Куманово

Фестивалот „Тумба фест 2021 “ се одржа согласно мерките за заштита од ковид 19 на градскиот плоштад.

Коментари

коментар(и)