Тушевски: СДСМ вложува во младите и во образованието

Владата предводена од СДСМ вложува во младите и образованието во Куманово. Се инвестира во многу училишни објекти во градот, истакна на денешната прес конференција претседателот на општинската организација на СДСМ Куманово, Александар Тушевски.

-Премиер за тоа се многуте проекти од областа на образованието, кое е основен услов за подобра иднина на нашите млади. Се наоѓаме пред средното училиште Киро Бурназ кое веќе 3 години е државно училиште и во кое во тек е комплетна реконструкција во вредност од 3 милиони евра. Владата предводена од СДСМ вложи и во многу други училишта., нова енергетско ефикасна фасада во гимназијата Гоце Делчев, нова спортска сала во средните училиште Наце Буѓони и Перо Наков, а со последната одлука Куманово ќе добие целосно ново училиште Сами Фрашери и реконстркција на кровот на ОУ Крсте Мисирков и Браќа Миладиновци-истакна тој.

Коментари

коментар(и)