Ударните дупки ќе се крпат во март

Снегот се стопи,  но проблемите за возачите и пешачите не завршија. На улиците и булеварите солта предизвика проблеми. Дупки како кратери се отворија по улиците во градот и приградските населби.  Загрозена е безбедноста на учесниците во сообраќајот. Автомобилите или во последен момент  ги обиколуваат дупките или пак удираат со гумите директно во нив. Пешаците пак често пати се испрскани од не совесните возачи.

Од локалната самоуправа се свесни за проблемот, но се чека на тендерска постапка за  тековно одржување на патната инфраструктура. Градоначалникот Зоран Дамјановски смета дека имплементацијата на годишната програма за одржување на патиштата се одолговлекува поради Комисијата за јавни набавки.

-Ние за таа работа имаме програма која оваа година е доста издашна , околу 50.000 метри квадратни имаме реконструкција на горниот слој на патната инфраструктура кои би требало да бидат во процес на јавна набавка,  меѓутоа повторно ние втор месец добиваме негативно мислење од Комисијата за јавни набавки и тоа е некој процес кој после два месеца ние третата објава оди без подобрување, тие ги користат сите термини само да дојде до одложување на имплементација на оваа програма , се надевам дека во февруари месец ќе може да распишеме тендерска постапка за летно и тековно одржување на патна инфраструктура со што ќе имаме огромна можност 50.000 метри квадратни како што предвидува тендерската постапка за крпење на ударни дупки,  а пред се корекција на горниот слој на патната инфраструктура во поголем дел од градот и приградските населби, изјави Зоран Дамјановски, градоначалник на Куманово

Како што најавуваат од локалната самоуправа,  крпење на ударните дупки ќе се врши во текот на наредниот месец.

-Се надевам дека со почеток на март месец средина на март ќе имаме можност да избереме изведувач и да отпочнеме со крпење. Не знам зошто го прават ова мислам дека е дел од стратегијата и политичката борба која ја води ВМРО да сите општини кои не се наклонети на центгралната власт се држат во заложништво максимално термини она што законот ги дозволува да комисиите ги враќаат по два месеца и тоа на некој начин ги успорува нашите процеси на имплементација на развојните програми ,изјави Дамјановски

Градоначалникот  потсети дека поради истата причина и договорот за зимско одржување на улиците бил склучен во втората половина на декември, минатата година.

Коментари

коментар(и)