Укинување на сертификатите за вакцинација за влез во моловите, одлучи Комисијата за заразни болести

По денешниот редовен состанок Комисијата за заразни болести со препорака за укинување на сертификатот за вакцинација за влез во трговските центри.

„Одлучивме да се препорача укинување на задолжителен сертификат за влез во моловите, односно таму каде не е задолжително носењето маски. Тоа е еден чекор на олеснување на мерките, но ќе бидеме внимателни со следните чекори, да не избрзуваме и ќе дизајнираме мерки на релаксирање согласно состојбата“, беше речено на прес -конференцијата.

Сертификатите остануваат задолжителни во угостителските објекти.

 

Коментари

коментар(и)