Улицата „Крушевска република“ доби бекатон плочки

По неколку децении жителите на улицата Крушевска република која се наоѓа во близина на Ургентниот центар, ќе одат по бекатон плочки. Дупките наскоро ќе бидат минато за мештаните кои живеат во овој дел од градот. Се работи за зафат кој е дел од проектот за санација и одржување на патната инфраструктура во централнотоградско подрачје и периферијата. Првиот човек на Куманово, Зоран Дамјановски истакна дека за улицата, се одвоени еден милион и осумстотини илјади денари. Тој потсети дека во првата фаза е планирано да се асфалтираат околу 30.000 квадратни метри, како и уште 10.000 бекатонирање.

-Ова е улица Крушевска република крак од Боро Прцан еден комунален проблем кој постои во овој дел на градот кој е стара урбана заедница многу декади наназад меѓутоа со решавање на канализационата мрежа се отвори можности и еве завршен е овој проект останува уште еден крак од улицата Осоговска, која е во потег на изработка на канализациона мрежа исто така бекатонирана со што ќе се заврши овој комунален инфрструктурен проблем на овој дел кој е густо населен мултиетнички и е пример за една граѓански соживот и мултикултурно живеење-нагласи тој.

Мештаните на Крушевска република се радуваат што по повеќегодишните ветувања, овој проблем ќе биде минато. Инаку градоначалникот на Куманово, најави дека деновиве ќе се пуштат во употреба и улиците Перо Илиевски, Перо Стојмановски и Романовска, кои се наоѓаат во населбата Тоде Мендол, како и улиците кон Биљановце и населбата Перо Чичо. Додаде дека во есенскиот период ќе започне втората фаза за тековно одржување, при што ќе бидат опфатени уште 30.000 квадратни метри асфалтирање и бекатонирање. На тој начин ќе се намалат комуналните проблеми во градот.

 

 

Коментари

коментар(и)