Улицата „ Трајко Прокопиев “ ќе биде санирана

Улицата „ Трајко Прокопиев “ во населбата „Перо Чичо “ деновиве ќе биде санирана, но не и асфалтирана бидејќи со децении не се решени комуналните проблеми . Кога ќе се изгради подземната  инфраструктура дури тогаш  ќе се отвори можност да се изготвува проект за патната инфраструктура . Ова е одговорот на градоначалникот Зоран Дамјановски на барањето на жителите улицата да биде асфалтирана.

– Mора да се најде некое решение во насока да се истампонира, да се избалансира , да се симне тој вишок слој и на некој начин да се подготви за натамошна подготвка. Тука асафалтирање и да сакаме да го направиме не можеме бидејќи не е решена подземната инфраструктура. Се работиме со согласност, изјави Зоран Дамјановски, градоначалник на Куманово

Претставници на засегнатите граѓани денеска разговараа со градоначалникот за решавање на проблемот, но не се задоволни од понуденото привремено решение на проблемот од  локалната власт. Тие се единствени во своите ставови , бараат асфалт на улицата.

Вакви проблеми се јавуваат на повеќе места во градот особено во населбите каде што во минатото имало експанзија на дивоградби , посочуваат надлежните.

– Јас го разбирам револтот на граѓаните и го почитувам, меѓутоа општината може да работи она што и е дозволено и она што може. Гледате дека на многу места имаме отворени такви проблеми, таму особено таму каде што во минатото сме имале експанзија на дивоградби без планска урбана профилација на градот и имаме диспозиции на висина на куќите, висина на подруми така што така што не можат да се усогласат тие ставови, проблеми имаме и со улицата „30 јули“, една куќа повисоко направена , друга пониско и тоа урамнотежување на патната инфраструктура е многу тешко да се постигне, изјави Дамјановски.

Во моментов само половина од улицата „Трајко Прокопиев “ има канализационен систем кој што е непрописно изграден. Во наредниот период ќе се изработи проект за решавање на комуналната  инфраструктура на целата должина на улицата од 450 метри, а откако ќе се решат комуналните проблеми ќе се работи на патната инфраструкура.

Коментари

коментар(и)