УМС ВМРО-ДПМНЕ: Градоначалникот е фантом

Членовите на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, денеска истакнаа дека од сите 11.000 лица кои СДСМ ги прогласи за фантоми, утврдиле дека постои еден и единствен фантом во градот, односно градоначалникот Зоран Дамјановски. По повод 1-ви април, Денот на шегата, младите од ВМРО ДПМНЕ на ироничната прес-конференција, како што нагласија ова лице фантом ветило капитални инвестиции, справување со цврст отпад, дислокација на посточката депонија и слично.

-Фантомска изградба на современа урбанизирана технолошко индустриска развојна зона во атар на селото Речица, од 60.000 метри квадратни, која ќе има излез на автопатот Е-75. Фантомски проект на општината, јас се смејам, јас сум ти, и ти си јас, кои би имале за цел да ги поттикнат вработените во општинската администрација да го подобрат својот однос кон  странките но и обратно. Фантомска горилница за цврст отпад така наречена Инселератор-нагласи Марио Цветковски, од УМС ВМРО-ДПМНЕ.

Тие го потсетија градоначалникот дека ветил и канализација низ населбите, постојки за градскиот превоз, базен кој се гради со години и се уште не функционира и слично.

 

 

 

Коментари

коментар(и)