УНДП ќе ги зајакнува општинските совети

Зајакнати и информирани општински совети што активно ги спроведуваат улогите на надзор и претставување при што општинските власти стануваат поодговорни и поделотворни во исполнуваењто на потребите на граѓаните е општата цел на проектот „ Зајакнување на општинските совети “  што  УНДП денеска го презентираше пред советниците на општина Куманово. Проектот кој што го спроведува  УНДП е финансиран од Швајцарската агенција за развој и соработка, информира проектниот менаџер Илмиасан Даути, потенцирајќи дека 90 проценти од сегашните советници на ниво на државата се нови без претходно искуство или соодветно образование.

-Пред советниците ги презентиравме детално сите проектни активности како и придобивките кои што советниците можат да ги добијат од овој проект, исто така и придобивките кои што генерално се обезбедени или овозможени за општините кои учествуваат во проектот и за советите. Во рамки на овој проект ние предвидуваме зајакнување на капацитетите на советниците за поуспешно спроведување на своите надлежности имајќи предвид дека состојбата со советите во РМ е таква каде што имаме многу нови советници.  Со последните избори скоро над 90 проценти од советниците се нови, првпат се советници без соодветно образование или претходно искуство така што со планираните активности во рамки на проектот предвидуваме зајакнување на нивните капацитети , изјави Илмиасан Даути, менаџер на проектот

Темите на кои што ќе се зајакнуваат општинските совети се родови прашања, доброто управување, социјална инклузија и меѓуетничка соработка.

Во проектот  засега се вклучени шест општини, а дополнителни девет општини со кои што УНДП ќе работи во 2019-та година допрва ќе бидат избрани по пат на селекција. Резултатите ќе бидат познати на крајот на месецов, а една од општините апликанти е токму Куманово, вели Даути. Финансиските придобивки од проектот се 62.000 швајцарски франци.

Коментари

коментар(и)