Упис на нови членови во Аикидо клуб „Агатсу“

Традиционално со почетокот на новата сезона во Аикидо клубот „Агатсу“ започнуваат новите уписи за сите оние кои сакаат да ја изучуваат оваа модерна јапонска вештина.

Дел од тренинзите можат да бидат и децата, но и возрасните кои тренираат во посебни групи, зависно од возраста, но и нивниот напредок во совладувањето на техниките.

Во аикидо клуб „Агатсу“ можат да се запишат на возраст од шест години, па нема горна граница до која може да се тренира. Имаме и детски групи и групи за возрасни. Детските групи се движат од 6 до 12 години или 14 години зависно од напредокот, а возрасните веќе над 14 години до нема горна граница можат да тренираат сите заедно – изјави Иван Скрчевски, инструктор во Аикидо клуб „Агатсу“.

Техниките на аикидото содржат удари, фрлања и лостови, всушност сѐ она што би се користело во борба со голи раце. Она што тие техники ги прави специфични е токму принципот на ускладување и движењата кои се користат да го пренасочат и неутрализираат напаѓачот.

Аикидо е јапонска боречка вештина, вештина на самоодбрана, но пред се и умствена вештина каде што се тренира не само физички, туку и умствено, значи кога тренирате аикидо имате целокупен психо-физички напредок, значи нео го тренирате само телото и мускулите каде се бара да се размислува, да се решаваат проблеми – изјави Иван Скрчевски, инструктор во Аикидо клуб „Агатсу“.

Клубот постојано учествува и на семинари каде членовите го усовршуваат своето искуство и надвор од државата, а годишно најмалку два семинари се во нивна организација.

Во последните години имаме добар одзив поготово на најмладите, бидејќи нели таму е иднината, со повозрасните исто не сме лоши, значи има генерално подобар интерес за разлика од претходните години – изјави Иван Скрчевски, инструктор во Аикидо клуб „Агатсу“.

Инаку оваа јапонска вештина во Македонија започнала да се распространува во 1989 година, а денес освен во Куманово, се изучува и во неколку клубови во Скопје, Битола и Охрид.

Коментари

коментар(и)