Успешна крводарителска акција на СВР Куманово

Во просториите на Центарот за култура, денеска Секторот за внатрешни работни Куманово организираше крводарителска акција. Истата е дел од редовните акции коишто ги организира полицијата, неколку пати во годината. Поддршка на акцијата даде Институтот за трансфузиона медицина и општинската организација на Црвениот крст.

-Очекуваниот број беше од 50 до 60 дарители, досега еве 11 и 30 часот, околу 30 полицијаци дојдоа да даруваат крв, што значи задоволителен број. Иако условите се тешки, целиот свет се бори против пандемијата меѓутоа има луѓе кои се ставаат себе си во ризик за да спасат нечиј живот. Апелирам до граѓаните има крв во Република Македонија но мора секогаш да даруваат, сите да ги поддржуваме тие на кои најмногу им треба крв во операционите сали, крвната единица може да чека, меѓутоа пациентот да чека за да добие крв е невозможно-посочи доктор Дритон Билали од Служба за трансфузиона медицина Куманово.

Полицајците истакнаа дека секогаш со задоволство учествуваат во вакви хуманитарни акции.

-Сега е 15 ти пат а мотивација е како и секој друг крводарител, сите треба да даваат крв, ова не е ништо страшно, сметам дека со дарување крв помагаме за спасување туѓи животи и сметам дека секој би требало и оној што досега не дал, кога ќе види еднаш нема да биде проблем, понатаму ќе си биде редовен крводарител-посочи Марјан Павличек, крводарител.

Акцијата за дарување крв траеше до 15 часот.

 

Коментари

коментар(и)