Утре на плоштадот летен караван на Црвена Звезда

Утре на градскиот плоштад од 18 до 21 часот ќе се одржи летниот караван на фудбалскиот клуб Црвена Звезда.

„Караванот ја носи двојната круна освоена од првиот тим на ФК Црвена Звезда годинава, како и пехарот од Бари. На сите посетители ќе им се овозможи да се сликаат со пехарите и членовите на клубот. Тричасовната дружба ќе биде исполнета со песни и реквизити на ФК Црвена Звезда, а посебно задоволство се приказните на фановите и постарите навивачи, кои имаат спомени од Црвена Звезда и најмладите кои штотуку ја откриваат својата љубов кон клубот“.

На настанот се поканети и звездините легенди од овиe простори  Дарко Панчев, Илија Најдоски, Митко Стојковски и Перо Антиќ.

Коментари

коментар(и)