Утре почнува Фестивалот на нов германски филм

Од утре до 22 –ри мај во Куманово ќе се одржи 14-тото издание на Фестивалот на новиот германски филм во организација на Амбасадата на Сојузна Република Германија во Македонија. Предвидените осум филмови ќе бидат прикажани во Младинско културниот центар „Козјак“ ,  а посетителите ќе имаат можност да проследат филмови од најновата филмска продукција на Германија, комедии, драми, социјални, детски филмови , но и кратки германски филмови. Наредните осум денови секоја вечер со почеток во 20 часот ќе биде прикажан по еден филм во МКЦ Козјак.

-Одберени се осум филма. Отворањето ќе биде со филмот Сто работи -комедија, Жешко столче -драма, Во време кога светлината згаснува -драма комедија, Исходот на вистината –трилер драма, потоа следуваат три детски филма, Љубопитниот Тоби и тајната на нашата планета , тоа е докумантарен семеен филм, извонредно примен од публиката во Германија, Тим Талер или Момчето што ја продаде својата насмевка исто така авантуристички филм драма  и Помош – ги смалив родителите , комедија за деца и на крај фестивалот ќе заврши фестивалот со пакет на кратки филмови многу интересни филмови, кои верувам дека ќе побудат  голем интерес на нашата публика. Тоа се филмови од најновата филмска продукција на Германија, изјави Мирослав Крстевски, директор на МКЦ „Козјак “ Куманово

Според Крстевски, предвидено е 14-от фестивал на новиот германски филм да го отвори амбасадорот на Република Германија, а свое обраќање ќе има и градоначалникот Максим Димитриевски.

Билети зa филмoвите oд фестивaлoт нa гермaнскиoт филм мoжат дa купат секoј рaбoтен ден oд  9  дo 12 часот oд 18 часот нa билетaрaта на МКЦ „ Козјак“ .  

Освен во Куманово и Скопје, фестивалот патува во кино салите ширум земјата: Прилеп, Битола, Охрид, Радовиш, Штип, Тетово , Кавадарци, Гевгелија.

Коментари

коментар(и)