Утре седница на Советот на општина Куманово

Вкупно 14 точки ќе се најдат на дневен ред на утрешната 21-ва седница на Советот на општина Куманово која со почеток во 10 часот ќе се одржи во кружната сала на поранешен Комитет.

Меѓу точките на дневен ред ќе се најдат извештаите на Библиотеката „Тане Георгиевски“ и ЈП „Куманово паркинг“ и „Чистота и зеленило“. Меѓу другото ќе се разгледа и годишниот извештај на општината.

Седницата директно ја пренесува Телевизија Плус.

Коментари

коментар(и)