Утре ќе продолжи шеесеттата седница на Советот

Утре ќе продолжи шеесеттата седница на Советот на Општина Куманово. Седницата ќе почне во 10 часот, а можете да ја следите во живо на ТВ Плус. На дневен ред ќе се најдат неколку точки предлог – решение за давање согласност на Детска градинка „Ангел Шајче“ – Куманово да може да има поголем број на деца во воспитните групи, квартален извештај за извршување на Буџетот на Општина Куманово за II квартал од 2021 година, извештај за извршување на Програмата за уредување на градежно земјиште, изградба и одржување на комунална инфраструктура и на Програмата за изградба, реконструкција, одржување и заштита на локалните патишта и улици,  информација за состојбата по барањата за утврдување на правен статус на бесправнo изградени објекти на подрачјето на Општина Куманово.

Ќе се расправа  и за предлог – одлука за утврдување на висина на стапките на данок на имот, данок на наследство и подарок и данок на промет на недвижности, Годишен план за вработување во Општина Kуманово за 2022 година, измени и дополнувања на Статутот на Општината Куманово, давање согласност за формирање на паралелки во прва година со под 25 ученици во општинските средни училишта.

Коментари

коментар(и)