Утре ќе се одржи дваесет и втората седница на Советот

Утре со почеток во 10 часот ќе се одржи дваесет и втората седница на Советот на општина Куманово во кружната сала на поранешен комитет.

На дневен ред се 14 точки, а меѓу другите ќе се расправа за информација за работата на Полициската станица, извештаи за работа на јавните претпријатија „Водовод“ и „Пазаришта“, давање согласност за ангажирање на 30 работници во „Водовод“ . Советниците ќе дискутираат и за извештаите за реализација на Програмата на културни манифестации и
Програмата за социјална заштита на Општина Куманово за 2022 година, како и информација за работата на Секторот за инспекциски надзор – Инспекторат во Општина Куманово за периодот од  јули – декември 2022 година.

Седницата директно ја пренесува Телевизија Плус.

Коментари

коментар(и)