Утре ќе се одржи 22-та седница на Советот

Советот на Општина Куманово утре со почеток во 10 часот во кружната сала на поранешен Комитет, ќе ја одржи 22-та седница на чиј дневен ред ќе се најдат вкупно 33 точки.

Првата точка е извештај за реализација на Програмата за работа на Советот на Општина Куманово за 2018 година. Потоа следуваат предлог – Програма за работа на Советот, предлог – Одлука за измена и дополнување на Одлуката за извршување на Буџетот, како и предлог одлуки за измена и одлуките за утврдување на вредноста на бодот на платите на државните службеници за 2019 година, вработените во библиотеката „Тане Георгиевски“  и детската градинка Ангел Шајче.

Советниците ќе расправаат и за предлог – одлука за давање согласност на предлог – годишен план за вработување во 2019 година на ЈП „Водовод“, предлог – програма за локален економски развој на Општината, предлог – програма за управување со отпад.

На дневен ред ќе се најдат и точките извештај за извршување на Програмата за уредување на градежно земјиште, изградба и одржување на комунална инфраструктура на Куманово и на Програмата за изградба, реконструкција, одржување и заштита на локалните патишта и улици во Општината Куманово за периодот од 1 јануари 2018 година до 31 декември 2018 година.

Советниците потоа ќе треба да се изјаснат и за извештајот за реализација на Програмата за урбанистичко планирање на подрачјето на Општина Куманово за 2018 година, предлог – Програма за урбанистичко планирање на подрачјето на Општина Куманово за 2019 година.

На дневен ред ќе се најде и  предлог – решение за разрешување и избор на член на Комисијата за социјална, детска и здравствена заштита на Советот на Општина Куманово., предлог – Решение за разрешување и избор на член на Комисијата за безбедност, безбедност во сообраќајот и противпожарна заштита на Советот на Општина Куманово како и Предлог – Одлука за исплата на еднократна парична помош од Буџетот.

Потоа следуваат и неколку точки од областа на урбанизмот, односно утврдување потреба за донесување на урбанистичко-планска документација за одредени делови од градот.

Седницата започнува во 10 часот, а директно можете да ја следите и на програмата на Телевизија „Плус“, како и на нашата веб страница, твплус.мк

Коментари

коментар(и)