Утре ќе се одржи 24-та седница на Советот

Советот на Општина Куманово утре со почеток во 10 часот во кружната сала на поранешен Комитет, ќе ја одржи 24-та седница на чиј дневен ред ќе се најдат вкупно 17 точки. Првата точка е  годишниот извештај за 2018 година на преземени мерки и активности на Полициска станица од општа надлежност Куманово. Советниците ќе расправаат и за извештајот за работа на библиотеката „Тане Георгиевски“ за минатата година, како и финансиските извештаи на приходи и расходи.

На дневен ред ќе се најдат и точките  тримесечен извештај за финансиско работење на ЈП „Куманово – гас“од 01.10– 31.12.2018 година, годишна сметка и финансиски извештај на ЈП „Куманово – гас“, финансиски извештај за работа на ЈП „Пазаришта“ – Куманово за период Октомври – Декември 2018 година, и за период Јануари – Декември 2018 година, како и извештајот за работа за 2018 година.

Советниците потоа ќе треба да се изјаснат и за предлог одлуката за давање согласност на Предлог – Годишен план за вработување во 2019 година на ЈП „Чистота и зеленило“ – Куманово, програма за работа на ЈП „Куманово – план“за 2019 година,  предлог – одлука за утврдување цена на услугите за собирање и транспортирање на комунален отпад во рурални средини – селата во Општина Куманово.  

На дневен ред ќе се најде и  предлог – одлука за изменување на Одлуката за утврдување на местата на кои можат да се истакнуваат изборни плакати, предлог – завршна сметка на Буџетот на Општина Куманово за 2018 година, годишен извештај на Општина Куманово за 2018 година.

Ќе се одлучува и за предлог – одлука за одобрување на користење на средства за финансирање на доспеани, а неплатени обврски на Општина Куманово и единки корисници од областа на образование, социјална заштита и култура, предлог – одлука за усвојување на извештај за вкупниот договорен износ по доверители за финансирање на доспеани, а неплатени обврски на Општина Куманово и единки корисници од областа на образованието до 30.09.2018 година, предлог – измени и дополнувања на Буџетот на Општина Куманово за 2019 година.

Наредниот ден, четврток ќе се одржи и дваесет и петтата седница на Советот на Општина Куманово, со единствена точка на дневен ред – Советнички прашања. Седницата започнува во 10 часот, а директно можете да ја следите и на програмата на Телевизија „Плус“, како и на нашата веб страница, твплус.мк

Коментари

коментар(и)