Учениците одат на распуст

За околу 11.000 основци и  речиси 5.000 средношколци денеска завршува учебната 2016/2017 година. Следните десет дена продолжителна настава ќе посетуваат оние ученици кои што не успеале да ги совладаат наставните материјали.  Крајот на оваа учебна година помина без екстерно теститање на учениците, кое по четири години примена минатата недела беше укинато во Собранието. Директорката на  основното училиште Браќа Миладиновци, Марина Манојловска истакна дека е задоволна од постигнатите резултати.

-Препоставував дека сите кои работат во образованието ќе кажат дека оваа година беше навистина напорна но и затоа успешна. Имаме освоено многу државни, регионални и општински награди со што покажавме дека Браќа Миладиновци сепак е во рангот на најдобри основни училишта во градот, уписот тече нормално, задоволни сме со бројката што ја имаме но не сме задоволни со наталитетот се надеваме дека барем во догледно време бројот на децата ќе се зголеми и ќе имаме поголема бројка од онаа што сега ја имаме.  За среќа ние во реонот ги опфативме сите деца кои се на нашиот список и претпоставував дека од први септември новата учебна година ќе стартува во ново руво-посочи таа.

Полуматурантите овој месец ќе се запишуваат во средни училишта. Првото пријавување и запишување во јунскиот уписен рок е на 28-ми и 29 јуни. Матурантите, пак, утре ќе полагаат тест по странски јазик.  За англиски се пријавени најголем број кандидати потоа  француски германски и руски.Тестирањето по предметот математика е на 12 јуни, а последниот екстерен испит од државната матура ќе се полага на 14-ти јуни. Првичните резултати од тестовите треба да бидат објавени најдоцна до 14 јули, односно еден месец по последниот екстерен испит.

 

Коментари

коментар(и)