Учениците од „Перо Наков“ прославија 50 години од матура

Учениците од економското училиште „Перо Наков“, кои матурирале во 1965 година, денеска одбележаа 50 години од матура.  Тие во 11 часот во училиштето одржаа класен час, се сретнаа со своите соученици, и се потсетија на средношколските денови.

На средбата присуствуваше и Светислав Димковски, еден од класните раководители. Тој истакна дека му е чест што по долг период повторно има можност да ги види своите ученици.

Тие се потсетија на нивната паралелка која броела над 50 ученици. По завршување на класниот час, тие заминаа во ресторан, да го прослават големиот јубилеј.

 

 

 

Коментари

коментар(и)