Учениците утре на настава

Основците и средношколците утре ќе седнат во училишните клупи. Летниот распуст завршува, а последниот ден пред новата учебна година децата и родителите го користат за набавка на најнеопходниот школски прибор, ранци, тетратки. Во книжарниците изобилство на потребните материјали за следење настава на учениците.Вообичаено, на почетокот на школската година, најмногу се купуваат ранци, а во текот на неделата кога учителите и професорите ќе им кажат на децата што треба да набават, тогаш се купува и останатиот прибор, велат во книжарниците.

 – На почетокот на учебната година најмногу се земаат ранци, тетратки, но главното купување почнува од први септември. Ранци од 330 до 2000 денари, за сечиј џеб од разни добавувачи, сите видови на тетратки од наше производтсво, школски материјали од сите брендови, најмногу се трошат тетратки и моливи, работни тетратки, ги поканувам да дојдат  во нашата книжара да набават се што им треба за на училиште од сите добавувачи, над 1000 денари промет – 5 тетратки одат гратис, им посакувам успешна и среќна учебна година, изјави Драган Поповски, книжарница Џивџи

Во дел од книжарите, ранци може да се купат по цена од 220 до 2700 денари, тетратка по 8 денари или за 100 денари -13 тетратки. Што се однесува до основниот школски прибор потребен за едно прваче да ја започне учебната година од домашниот буџет треба да се издвојат од 500 до 600 денари. Тука спаѓаат фломастери, дрвени и мрсни боички, моливи, гумички, самолеплива хартија и останато.

Според Секторот за образование, во учебната 2015-2016 година во прво одделение во Куманово треба да тргнат 1581 дете, сите родени во 2009-та година. Од нив, 668 се Македонци, 293 Албанци, Срби – 44,  Роми -23 и 26 првачиња од другите националности.

На ниво на државава, првпат во училишните клупи ќе седнат околу 20.000 првачиња, 190.000 основци и околу 85.000 средношколци.

 

Коментари

коментар(и)