Учениците чистеа околу училиштата

По трет пат денеска се одржува Генералка викенд во Куманово. Градоначалникот Максим Димитриевски информира дека акцијата е организирана од Man and Mountain во соработка со Општина Куманово и општинските училишта.

– Оваа година се чистaт локациите околу гимназијата „Гоце Делчев“ и економското „Перо Наков“, а продолжуваме и со расчистување на дивите депонии со механизација на повеќе локации од страна на ЈП Чистота и зеленило, вели градоначалникот.

Во акцијата се вклучени учениците од наведените училишта, екипи на ЈП „Чистота и зеленило“, општинска адмистрација, волонтери на Црвен Крст и волонтери од невладин сектор.

Коментари

коментар(и)