Ученици во посета на СВР Куманово

Осмо и деветтодделенци од основното училиште „11 Октомври“  денеска во рамките на одбележувањето на недела на детето го посетија Секторот за внатрешни работи во Куманово. Со начинот на работа, постапувањето , но и надлежностите на полициските служби учениците беа запознаени од надлежните во Отсекот за превенција при СВР Куманово.

-Ги посетија сите канцеларии во СВР Куманово, посебно одделот на 192 , значи криминалистичка техника , но и истите излегоа на терен заедно со колегите од полициската станица за безбедност во патен сообраќај  и видоа  детално како се врши контрола на патниот сообраќај со тоа што истите поделија флаери на возачите за безбедно одвивање на сообраќајот. Учениците веќе се запознаени со темата бидејќи ние од наша страна спроведуваме и едукативни предавања во нивните училишта. Како Отсек за превенција ние во нивните училишта одржуваме едукативни предавања и од областа на сообраќајот и од областа на криминалистичките работи , но и од областа на јавен ред и мир, така што тие имаат доста познавања , но денеска се тука и практично да ги видат тие работи , изјави Марјан Павличек, Отсек за превенција во СВР Куманово

Отсекот за превенција соработува со сите основни и средни училишта во Куманово преку одделенските и училишните тимови за безбедност. Често се организираат работни состаноци, а се спроведуваат и различни активности заедно со учениците на терен. Инаку, Отсекот за превенција веќе неколку години заедно со училиштата го реализира проектот Безбедни училишта.

Коментари

коментар(и)