Ученици од државното средно училиште „Киро Бурназ“ во Анталија

Учениците од Државното средно училиште Регионален ценатр за стручно образование и обука „ Киро Бурназ“ од 7-13 Март ја реализираа својата четврта мобилност во Анталија – Турција во рамките на проектот Go green, Save the blue.

Учениците со своите професори имаа можност да стекнат нови знаења, искуства и пријателства преку бројни работилници, дебати, предавања и натпревари со своите партнери од Турција, Италија и Латвија.

Темата на проектот е како да ја зачуваме животната средина и да го спречиме загадувањето на планетата.

На ова поле учениците изработуваа повеќе постери, транспаренти, есеи, хамери каде што ги ставаа своите идеи за зачувување на планетата Земја.

Коментари

коментар(и)