Ученици од седум држави од ЕУ во посета на градот

Четириесетина ученици и наставници од седум држави членки на Европската унија, деновиве престојуваат во градот, во рамки на проектот Младите во работа, на Еразмус плус, во кој е вклучено средното училиште Сами Фрашери.  Нив утринава ги прими првиот човек на Куманово, Зоран Дамјановски кој воедно им додели и пригодни подароци. Тој информираше дека со посетата на Куманово ќе заврши спроведувањето на тригодишниот проект.

-На некој начин промена на искуство, адаптација во образовните процеси, оспособување на младите кои не продолжуваат со учење да се имплементираат во општеството, да стакнат некои вештини за да бидат оспособени за понатамошниот живот. На некој начин Европската унија ни помага во градење на тој граѓански принцип, граѓанско општество бидејќи знаеме дека нашите мултипли реформи во образованието доведоа до една конфузија во образовниот процес така што го изнаоѓаме патот како да го адпатираме образованието за целите на градење на едно евроспко просперитетно општество-посочи тој.

Дамјановски се надева дека новите пријателства и искуства ќе бидат повод за продлабочување на соработката со овие земји.  Африм Алити, координаторот на проектот и професор по англиски јазик во Сами Фрашери истакна дека деновиве ќе се обидат да го претстават градот во најубаво светло.

-Имаме можност нашиот град да го претставиме како што треба со мултикултура, мултијазичност, вештини досега ние бевме одлични во тој проект, тука почна и во Куманово ќе завршиме со овој проект и се надеваме дека и понатаму ќе продолжиме. Нашите ученици досега беа одлични, ја претставија Македонија особено Куманово тие беа избрани како најдобри ученици прикажувајќи ги вештините знаењето кое го имаат. Не прави нас горди граѓани на Македонија само треба да тргнеме на овој пат и да стигнеме до целта која ни е Европска Унија-додаде тој.

Во рамки на проектот Еразмус плус и учениците од државата имаа можност изминатиов период да ги посетат Германија, Белгија, Франција, Шведска, Унгарија, Шпанија и Италија.

 

Коментари

коментар(и)