Ученици од „Толи Зордумис“ во ТВ Плус

Ученици- членови на мултимедијалната секција на општинското основно училиште „Толи Зордумис“  ја посетија телевизија Плус во рамките на проектот  за „Јакнење на мултиетничката соработка во општините“, поддржан од Македонски центар за граѓанско општество. Активностите , како што информира професорката по македонски јазик , Наташа Пешевска, ќе траат целата учебна година. Истражувања во областа на филмската и театарската уметност, како и електронските медиуми со цел да се зголеми општата култура на учениците е активностите што ќе се реализираат во првото полугодие.

-Преку интервјуата со актери и режисери ќе се оспособат за пишување на сценарио. Во второто полугодие ќе изготват сценарио и крајниот производ ќе биде промотивно видео за нашето училиште, изјави Наташа Пешевска, наставник по македонски јазик

Учениците се задоволни што во рамките на проектот ќе имаат можност да дознаат повеќе информации за работата на медиумите и установите што ќе ги посетат.

Мултимедијалната секција во основното училиште „Толи Зордумис“ е оформена поради потребата за учество на интернационални конкурси, вели Пешевска.

– Досега имаме учествувано на светскиот фестивал на анимиран филм, организаиран од УНИЦЕФ  за деца со посебни потреби, имаме учество на сите можни конкурси во државава и надвор од државата, имаме снимено и еден филм, учествувавме на еден фестивал за училишни филмови, и мислам дека го следиме текот на современото образование во Македонија, изјави Пешевска.

Оваа секција благодарение на Активот по македонски јазик во „Толи Зордумис“  успешно функционира  од учебната 2008-09 –та година.

Коментари

коментар(и)