Ученици присуствуваа на книжевна работилница

Со  презентација на книгата „Спирко Немирко “ од Ксенија Маказлиева Трајчевска пред учениците од основното училиште „Браќа Миладиновци“ започнаа активностите за одбележување на седумдесет годишниот јубилеј на Градската библиотеката „Тане Георгиевски“. Авторката  на работилницата читаше раскази за деца, а идејата е на интерактивен начин да се развива љубовта кон пишаниот збор уште од најмала возраст.

– Денеска во одделот за деца се одржа работилница наречена „Детска радост. Ученици од вторите одделенија и поголеми во интерактивно комуницирање имаа прилика да поразговараат за повеќе детски изданија, вели, Нада Ивановска, директор на ЈОУ „Тане Георгиевски“.

По повод одбележување на седум децениската работа на институцијата следува богата програма на активности и настани што ќе се одвиваат во текот на целиот месец . За 20 октомври е закажана централната прослава на која со пишан збор и видео запис  ќе се направи ретроспектива за функционирањето на библиотеката во изминатиот период.

– На 14 октомври ќе има промоција на книгата „За жените кои немаат куќа и три обични дена“ од Сеида Бегановиќ, наградена за книга на малцинствата, потоа на 16 октомври во библиотеката ќе ја промовираме книгата „Насликано време“ од Стојан Тарапуза , вели, Ивановска.

Натпреварот „Млади библиотекари“ за учениците од основните училишта ќе се одржи на 22 октомври. Манифестацијата „Час со еден писател“ во основното училиштето „Наим Фрашери“е закажана на 27 октомври, а потоа следува промоција на книгата „Рогот на љубовта“ од писателот Божин Павловски. Од 15 октомври започнува манифестацијата „Месецот на книгата“ која ќе трае до 15 ноември.

Коментари

коментар(и)