Ученичкиот дом годинава прими 80 средношколци

80 средношколци од североисточниот регион се запишани и сместени во ученичкиот дом „Професор Мијалковиќ“.  Има уште 40 места слободни, но конкурсот е завршен. Директорот Есад Шаботиќ е задоволен од бројката за оваа учебна година со оглед на тоа што претходните години имало по 40 –на ученици.

-Сега имаме двојно повеќе,  тоа можеби е резултат на добрите услови во домот кои се идеални за сместување, добрата комуникација со другите ученички домови и  училишта,  секогаш во мај месец сме во сите основни училишта и пропагираме материјали за нашиот дом. Цело лето бевме подготвени за да ги пречекаме децата на почетокот на учебната година, се надеваме дека понатаму ќе имаме поголем бро на деца, изјави Есад Шаботиќ, директор на Ученички дом „Професор Мијалковиќ “

Престојот на средношколците во ученичкиот дом го покрива министерствoто за образование и наука, а условот е детето да е запишано како редовен ученик во средно училиште и да е државјанин на РМ. За секој од нив, ресорното министерство издвојува по 7.500 денари.  Инаку, во „Професор Мијалковиќ “ има четворица воспитувачи со свои воспитни групи, кабинет по информатика, сала за спортски активности, библиотека со богат книжен фонд од македонски писатели, руска, англиска и американска литература, како и лектири за учениците од прва до четврта година.

-Ние минатата учебна година немавме повторувач, ангажираме и професори за дополнителна настава особено по математика, ние плаќаме со наши средства, нашите воспитувачи контактираат со училиштата, земаат податоци  за оценките, ако процениме дека има проблем по некој предмет го викаме професорот од конкретното училиште да им помага на децата. Не сме имале девијантни однесувања, добри деца се, примерни, изјави Шаботиќ.

Надлежните се надеваат дека наредната година бројката на учениците кои престојуваат во ученичкиот дом ќе достигне до 100.

Коментари

коментар(и)