Училиштето „Крсте Мисирков“ го прослави патронатот

Со скромна манифестација на отворено, согласно протоколот за заштита од ковид-19, основното училиште „Крсте Мисирков“ го одбележа патрониот празник. Во рамки на одбележувањето се одржаа неколку активности, меѓу кои ликовен и литературен конкурс. Натпреварите се реализираа од дома, а најдобрите учениците денеска добија пофалници. Учениците од прво, второ и трето одделение кои следат настава со физичко присуство пак учествуваа во еко акција, при што засадија неколку садници во дворот на училиштето.

-Денеска нашето училиште чествува два датуми, 146 години од раѓањето на великанот на македонското литературно творештво, филологот и кодификаторот на македонскиот литературен јазик нашиот патрон Крсте Мисирков и 72 години постоење на општинското училиште. Специфична е моменталната состојба со развој  на пандемијата меѓутоа и тоа не не спречи на достоинствен начин да додадеме почин на нашиот великан-истакна директорот на училиштето Александар Јовановиќ, кој информираше дека ќе се одржи уште еден настан, онлајн час по македонски јазик. 

На манифестацијата беше награден персоналот кој заминува во пензија, но и вработените кои 15 години успешно работат во училиштето.

Коментари

коментар(и)