Уште два дена за доставување апликации за закуп на земјиште

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство потсетува дека на 30 јуни истекува рокот на кој земјоделците може да аплицираат на четирите јавни огласи за закуп на земјоделско земјиште до 3 хектари наменети за подигнување на долгогодишни насади.

Преку овие четири јавни огласи на располагање се ставени вкупно 4.294 хектари државно земјоделско обработливо земјиште до 3 хектари, распределени во 31 регион низ државата, меѓу кои и Куманово.

Целта на Министерството е со ваквите јавни повици да се стави на располагање на земјоделците секоја педа обработливо земјоделско земјиште, односно да се обезбедат поголеми услови и мотивација за производство на домашна храна за сите граѓани.

Коментари

коментар(и)