Уште два дена трае рокот за поднесување на барања за субвенционирање на комуналните трошоци

До четврти март трае рокот за поднесување на барања за субвенционирање на трошоците за комунални услуги од општина Куманово. Заклучно со вчера, поднесени се 785 барања од страна на неколку категории на граѓани, информираат надлежните од Секторот за култура, посочувајќи дека вообичаено граѓаните го чекаат последниот рок за доставување на документите до Архива на општина Куманово, што пак укажува дека бројката на барањата деновиве ќе се зголеми.

-Вкупно имаме 785 барања, 402 се поднесени барања, 342 се изготвени решенија. Исто така, апелираме до граѓаните, самите знаете дека спрема одлуката на Советот поднесување на барања за остварување на право на еднократна парична помош почнува од први до петти секој месец во првите тримесечја, дека можат да поднесат барања за еднократна парична помош, рече Александар Крстевски, раководител на Сектор за култура

Субвенционирањето на комуналните трошоци, односно за потрошена вода и собирање на смет по семејство изнесува 1.200 денари, односно 900 денари за вода, 300 денари за ѓубрарина.

Годинава, вкупниот општински буџет за субвенционирање на социјално ранливите категории вклучително и еднократна парична помош изнесува 13 милиони денари.

Минатата година биле субвенционирани околу 400 семејства, вклучувајќи ги и корисниците на еднократна парична помош.

 

 

Коментари

коментар(и)