Ујчиќ: Наградата е признание за сите околу мене учесници во образовниот процес

Од асистент на Институт по физика како дипломиран инженер по физика преку 37 годишно работно искуство во гимназијата „Гоце Делчев“ како професор по физика до најдобар просветен работник на годината од Куманово.  Штефица Ујчиќ е една од четворицата наставници – добитници на наградите за најдобри просветни работници што вчера ги додели Сојузот на просветните работници на Македонија. Оваа награда се доделува традиционално секоја година, а ја добиваат наставници и други просветни работници кои што имаат значаен придонес во образованието и воспитувањето на децата.

-За мене наградата практично е признание не само за мене, туку за сите околу мене учесници во овој образовен процес, учениците, моите колеги, моето училиште, целото општество кое даде шанса да се искажеме во ова време на невообичаен начин. Критериумите ги пропишува Сојузот на просветни работници на нашата држава и во тие критериуми се опфатени сите димензии на реализација на професорите, од водење на образовниот процес, значи работа со ученици, резултати на ученици, работа во поддржување во процесот на образованието, како што е изготвување на наставни помагала, учебници, jас сум автор на два учебника, на работни тетратки, учество на конференции, печатење на трудови, учество на меѓународни конференции, работа на проекти, изјави Штефица Ујчиќ

Професорката Ујчиќ досега работела на повеќе проекти од државен карактер кои ги организира Министерството за образование и наука, а за местото на наставниците во општеството смета дека треба да се надградува.

-Работев на методот на самоучење, работевме во онаа нулта година кога ги подготвувавме учениците Албанци за македонските универзитети за студии на македонски јазик да го покријат целокупното образование за студии кои ги нема на албански јазик и она посебно што веќе дваесет години живее во нашето опкружување, во нашето училиште, тоа е проектот за билингвална настава и соработка со Франција, мислам, тоа се проекти и проекти, во моментот најактуелен е затоа што доби државно признание, двете министерства на РФ и на нашата држава потпишаа Договор за соработка и официјално тие паралелки сега се влезени во образовниот процес во нашата држава, рече Ујчиќ.

Освен професорката Ујчиќ, признанието просветен работник на годината за учебната 2019/2020 година го добија и професорите Добри Јовевски од Крива Паланка, Марјан Радески од Охрид и педагогот Маринела Бошева од Скопје.

 

Коментари

коментар(и)