Физичка пресметка меѓу повеќе кумановци

Физичка пресметка вчера наутро се случила пред угостителски објект во Куманово во која учествувале повеќе лица, а нападнат бил и полициски службеник. Имено на паркинг пред угостителски објект од полициски службеници од СВР Куманово биле приведени Б.К.(25) од село Кучкарево, Ф.В.(21 година) од Скопје, А.А.(23 години) и И.С.(22 години), двајцата од Куманово, откако Б.К. физички го нападнал Д.М.(21 година) од Скопје, приведените го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка, а Б.К. агресивно се однесувал и физички нападнал и полициски службеник кој вршел службени дејства, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Коментари

коментар(и)