Финансиска поддршка за здруженијата за лица со попреченост

Врз основа на спроведениот јавен повик за финансиска поддршка за вршење работи од социјална заштита на Здруженија и други правни лица,кои спроведуваат активности насочени кон лица со попреченост на територија на Општина Куманово за 2022 година, Општината потпиша Договори за финансиска поддршка со Здружението Регионален Центар за лица со интелектуална попреченост „Порака Наша“- Куманово и Здружението за промоција и развој на инклузивно општество „Инклузива“- Куманово, информираат од општината. Финансиските средства во висина од 2 000 000 денари се распределени на двете Здруженија и тоа: 1 200 000 денари на Здружението Регионален Центар за лица со интелектуална попреченост „Порака Наша“- Куманово и 800 000 денари на Здружението за промоција и развој на инклузивно општество „Инклузива“.

Со потпишување на Договорите, Здруженијата ќе отпочнат со спроведување на проектни активности насочени кон лицата со попреченост во Дневниот центар „Порака Наша“, како и изградба на пристапни рампи и тоалети во училиштата, сензорни соби, инклузивни игралишта, активности за информирање, упатување и советување на лицата и нивните семејства. На овј начин велат од општината уште еднаш ја истакнуваме грижата за овие наши сограѓани, со цел подобрување и унапредување на нивниот живот и поголема вклученост во општеството.

 

Коментари

коментар(и)