Фирмите се запознаа со најновите меѓународни програми

Претставници на малите и средни претпријатија денеска имаа можност да се информираат за  „Меѓународни програми во поддршка на приватниот сектор“ на настанот кој го организираше Бизнис центарот, кој работи во состав на Североисточниот плански регион. Промоцијата е  дел од проектот „Проширување на функциите на Центрите за развој на планските региони во насока на спроведување на активности/услуги за поддршка на приватниот сектор“, има за цел да ја зголеми конкурентноста на планските региони, преку поддршка на малите и средни претпријатија и на претприемништво.

-Oвие настани се наменети за бизнисмените и идеата е тие директно да бидат во контакт со релевантните институции каде што ќе разговараат, дискутираат и ќе имаат можност да ги искористат нивните програми, и финансиски продукти. Проектот е во завршна фаза во март имаме промотивен настан каде ќе се промовираат сите активности кои досега ги реализира бизнис центарот. Тука спаѓаат и програмата  Водич за инвестиции и веб порталот воедно ќе се сумираат и  успесите кои ги постигнавме со овие настани-истакна Маја Петровска координатор за одржлив развој.

Присутните имаа можност да ги проследат презентациите на претставниците на ЦЕЕД Македонија, СИППО Програма за поддршка и промоција на извоз, Развојна фондација Кримсон, Консалтинг за стратешки развој и Агенција за вработување и Штедилница ФУЛМ.

-Денеска сме тука зашто проектот е веќе при крај со резултатите кои се постигнати меѓутоа сме дојдени зашто како активност на проектот беше изработка на една веб алатка на која се ставени сите владини мерки за поддршка на микробизнисите, не само проектите вака како ние што подржуваме туку и овие се сите споени на едно место и објаснети многу практично, убаво за да може лесно да се искористат-нагласи Суада Статовци  Консалтинг за стратешки развој.

Проектот „Иновативни решенија за подобар пристап до услугите на локално ниво“, е на Министерството за локална самоуправа, а се спроведува во соработка со УНДП.

 

 

 

Коментари

коментар(и)