(ФОТО) Во „Кочо Рацин“ одбележани 80 години од издавањето на „Бели мугри“

Со изложба на портрети на македонскиот книжевен деец Кочо Рацин и литературно читање, истоименото основно училиште, одбележа 80 години од издавањето на најпознатата збирка Бели мугри. Портретите се дело на акдемскиот сликар Ангел Петров од Велес.

-Во нашето училиште имаме можност да гостува изложбата на уметнички фотографии од Велес со ликот на Кочо Рацин кој е воедно и патрон на нашето училиште. Беше распишан и литературен конкурс  на тема за ликот на Кочо Рацин, имавме прекрасни творби. Можеме да кажеме дека сме горди што нашето училиште го носи неговото име и го прославуваме светнатиот ден-истакна Катерина Костадинова, наставник по македонски јазик во Кочо Рацин.

Пред присутните ученици и наставници, се обрати Светлана Петрова, директорка на фондацијата за култура  „Ангел Петров“.

-Целта на оваа изложба е да се промовираат портретите на Кочо Рацин во училиштата кој што го носат името на Рацин. Овие дела се изработени во техника масло на платно, во пастел и во молив и комбинирана техника со акрил. Академскиот сликар Ангел Петров од Велес има натправено студија од 50 години. Таа студија содржи 200 Рацинови потрети. Ние не бевме во можност да ги донесеме сите, но на учениците на училиштето кое го носи името на Рацин донесовме 20. Оваа изложба проодлжува да патува низ Македоија, училиштата кои го носат името на Рацин, за да подоцна премине во странство, каде што Рацин е преведуван на македонски јазик-истакна таа.

Основното училиште во рамки на манифестацијата ги награди најдобрите ученици од четврто до деветто одделение кои учествувале на литературниот конкурс за ликот и делото на Рацин.

Коментари

коментар(и)