ФОТО: Излеани неколку реки во кумановско

Обилните врнежи предизвикаа излевање на реките во кривопаланечкиот и козјачкиот регион.Водостојот на Крива река и Пчиња е на критично ниво. Во неколку кумановски села поплавени се земјоделски површини, викенд куќи, помошни простории. Екипите на Водостопанство „Кумановско липково поле“ се на терен и ги острануваат дрвјата и гранките, за да овозможат проток на водата.

Поројниот дожд што го зафати кривопаланечкиот и козјачкиот регион предизвика излевање на водата од речните корита. Водостојот на Пчиња и Крива река е зголемен и е на критично ниво. Во селата Јачинце, Клечовце, Довезенце и Пчиња поплавени се земјоделски површини, викенд куќи, помошни простории. Пчиња се излеа и на игралиштето во истоименото село.

Пред многу години еден човек го поплави и свињи му поплави и во село Јачинце има поплавено, сега ако се повтори истото не може да се живее вака. Јас имам во Клечовце детелина сеан, стока, ако ми ја уништивели жител на село Клечовце.

Екипите на Водостопанство Кумановско липково поле се на терен и ги острануваат дрвјата и гранките, за да овозможат проток на водата.

-Екипите се на терен во заштита на мостовите односно расчистување на паднатите дрвја кои се во речното корито и доаѓаат до мостовите на реките Пчиња и Крива река и таму се собира голема количина на вода. Нашите екипи работат на терен посоебно во село Драгоманце, Пчиња и село Ветуница. Во идниот пеирод ќе ги санираме овие критични точки-изјави Оливер Илиевски, директор на Водостопанство „Кумановско-липковско поле“.

Од регионалниот центар за управување со кризи информираат дека има излевање и на реките во Старо Нагоричане. Веќе е договорено службите од оваа општина да излезат на терен со механизација. Реките во урбаните средини, Кумановка, Липковка и Којнарка засега се стабилни.

 

 

 

 

Коментари

коментар(и)