(ФОТО) Кал, камења и дрвја на патот кон манастирот Карпино

Кал, камења и паднати дрвја на патот кој води кон манастирот Карпино посветен на „Света Богородица“ , сместен меѓу селата Аљинце, Дренак и Сув Орах.

Според фотографиите објавени од група граѓани на „фејсбук“ страницата посветена на манистирот, до овој свет храм тешко може да се стигне со возило.

-Ова е нашата вистина. Патот е катастрофа, нашата шума која не красеше замина. Нашето свето место, еден од најстарите во регионот, нема да биде пустош. Ќе побараме одговор за сите вистини. Зошто манастирот стои во место, каде е неговата обнова? Шумата опустошена! Патот уништен од тешки возила- се вели во објавата на Манастир Карпино.

Овие граѓани укажуваат дека патот бил саниран до половина, со средства на граѓаните, помош од мештаните и од Општина Старо Нагоричане. Но велат дека поради ваквата состојба застанеле со санацијата.

Коментари

коментар(и)