ФОТО: Клупа од градскиот кеј заврши во Кумановка

Клупа од градскиот кеј заврши во реката Кумановка.  Фотографии со осудувачка порака против вандализмот на Фејсбук објави градоначалник Максим Димитриевски.

„Вандализмот нема граница, можеби само на момент прави да се чувствуваш одважен, но всушност си толку многу неодговорен и штетен за заедницата. Ние уништените клупи на градскиот кеј повторно ќе ги направиме но време е и да го заштитиме заедничкиот имот. Заедно да го осудиме вандализмот, напиша Димитриевски.

 

Коментари

коментар(и)