(ФОТО) Кумановци од денеска ќе ги користат услугите на Иуте Кредит

Најбрзо и најконфорно кредитирање е мотото и мисијата на компанијата Иуте Кредит, која денеска отвори своја експозитура во Куманово, која се наоѓа на градскиот плоштад, во близина на фонтаната „Батко Ѓорѓија“.

Кумановци ќе имаат можност онлајн но и директно во канцеларијата, да ја користат палетата производи на оваа компанија, која содржи од краткорочни до среднопотрошувачки кредити на една година.

– Идеата зошто да дојдеме во Куманово е да сме поблиску до граѓаните, да се адпатираме на потребите на граѓаните, освен унифицираните производи имаме и специјални понуди кои ќе бидат правени на база на нашите сограѓани кумановци. Во моментов на отворањето веќе нудиме кредит до 20.000 денари кој ќе биде без никакви трошоци на принципот колку си земал, толку враќаш. Меѓутоа на кумановци ќе им биде достапна целата палета на производи кои веќе ги имаме од краткорочни до среднорочни потрошувачки кредити на една година, од најмалите износи 3.000 денари до 100-120.000 денари исто така започнавме и со автомобилски кредит, кој е на поголем износ 500.000 денари на поголем рок на отплата-истакна Горан  Василев, извршен директор ја Иуте Кредит Македонија.

Од компанијата истакнаа дека наскоро ќе започнат да работат и со мастеркард.  Иуте Кредит Македонија е лидер во областа на финансирање на физички лица, со потрошувачки кредити и во индустријата на финансиски институции. Досега има свои експозитури во Скопје и Тетово. Инаку команијата е дел од меѓународна групација која е со седиште во Естонија а е пристапна во Молдавија, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Бугарија.

Коментари

коментар(и)